Д Фестивал денеска го започнува своето 14-то издание

Точка

28/06/2024

16:53

1.412

Големина на фонт

а а а

Денеска официјално го отвораме првиот фестивалски ден од четиринаесетото издание на Д Фестивал. Вчера во 17 часот на пладне го отворивме фестивалскиот камп за сите посетител чив број достигна до повеќе од неколку илјади со наредени повеќе од стотици шатори.

Програмата и активности се веќе во тек, извежбавме утринска јога, Таи Чи Чуан, играме друштвени игри со ,,Гоблин‘‘, Д Базарот, беребрницата, Tattoo студиото и сите други Д Другари се веќе во акција!

72-часовната забава може да започне!

Вечерва главната бина TOGETHER X ја отвораат најдобрата хрватска хип - хоп атракција - Elemental, потоа за прв пат на Д Фестивал ни доаѓа големата пејачка од Мали - Fatoumata Diawara, фаворитите на ланската Евровизија - Joker Out, а за крај техно ѕвездите Deborah De Luca i Sama’ Abdulhadi. Младиот македонски колектив - OVC Kolektiv со целовечерна журка на Lake Awake бината….

Погледнете ја целосната програма за ДЕН 1 👇


За најдобро тековно следење на програмата, симнете ја мобилната Д Апликација!

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг