Салата од моркови ги ублажува симптомите на ПМС, нутриционистка открива зошто морковите се на врвот на листата на намирници кои се одлични за ПМС

Точка

27/06/2024

21:45

2.105

Големина на фонт

а а а

Основната причина за предменструалниот синдром (ПМС) е нерамнотежа на естроген и прогестерон - естрогенот е висок, а прогестеронот е низок.

Раздразливост, преосетливост, надуеност, болки во долниот дел на стомакот и долниот дел на грбот, замор... Ова се само дел од симптомите на предменструален синдром, а истражувањата покажуваат дека ги има повеќе од 150 и дека околу 85 отсто од жените ги доживуваат во оние денови од месецот. Жените кои ги имаат овие симптоми, дури и ако се многу изразени, знаат каков неред може да им направи во животот.

За среќа, здравата исхрана може да помогне и во регулација на хормоните, а Марија Стајиќ, нутриционист, открива зошто морковите се на врвот на листата на намирници кои се одлични за ПМС.


- Со тежок ПМС и вишок естроген, можете да користите сирова салата од морков, бидејќи тој го врзува вишокот естроген и го исфрла од телото. Покрај ренданите моркови, одлични резултати дава и додавањето на кокосово масло и јаболков оцет во салатата. Вака подготвена салата пожелно е да јадете секој ден доколку имате непознат проблем - советува Марија Срејиќ.

Вежбањето и правилната исхрана може да ја контролираат надуеноста, раздразливоста и промените во расположението поврзани со ПМС. Се препорачуваат 30-45 минути вежбање четири до пет дена во неделата.


Во однос на хранливата вредност, морковите заземаат едно од првите места меѓу коренестите зеленчуци. Се смета дека овој зеленчук е најбогат со каротин, па затоа е корисно да додадете мали количини од него во речиси сите јадења.




Спонзорирани линкови

Маркетинг