Актерката Ема Робертс: „Никој не го прозива Џорџ Клуни за непотизам, сè паѓа на жените“

Точка

27/06/2024

15:17

2.606

Големина на фонт

а а а

Актерката Ема Робертс, ќерка на актерот Ерик Робертс и внука на актерката Џулија Робертс, во своето последно интервју се осврнала на критиките за непотизмот кои ја следат откако дебитираше во филмот „Blow“ на 9-годишна возраст.

Ема рекла дека со славно семејство доаѓа и дополнителен притисок, но најчесто тоа се однесува само на жените.

„Зошто никој не го прозива Џорџ Клуни за непотизам? Роузмари Клуни беше икона“, се пошегувала актерката.


„Имам чувство дека непотизмот како тема потешко им паѓа на помладите девојки. Не гледам луѓето да ги прозиваат синовите на познатите актери“, додала таа, а потоа посочила дека без разлика на полот, никој не треба да биде прозван што го следи својот сон.

Иако многумина мислат дека врските во Холивуд многу придонесуваат за успех во индустријата, Ема верува дека истите тие врски можат и да ѝ наштетат на некоја личност.

„Луѓето сакаат да кажат дека имаш предност затоа што имаш семејство во индустријата. Но, од друга страна, треба да се докажуваш повеќе. Исто така, ако луѓето немаат добри искуства со другите луѓе кои ви се блиски, тогаш никогаш нема да добиете шанса“, објаснила актерката.


Таа додала и дека јавноста повеќе сака приказни за луѓе кои успеале „преку ноќ“ отколку некој што е „од Холивуд“, а причината за овој презир кон децата на богатите и славните е главно тоа што луѓето гледаат само победи, но не и одбивања.

„Луѓето ги гледаат само вашите победи – кога сте на филмски плакат – не ги гледаат сите одбивања кои попатно се случиле“, била искрена 33-годишната актерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг