Ние не сме банана земја… Вучиќ жестоко по дебаклот на ЕУРО: Во ред е да изгубите од Германија, од Шпанија, но ова…

Точка

27/06/2024

15:00

6.263

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера беше во еднодневна работна посета на Брисел, каде учествуваше и во нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, кој се води под покровителство на Европската унија.

Во таа прилика, Вучиќ зборуваше и за неуспехот на фудбалската репрезентација на ЕУРО.

„Согласен сум дека беше дебакл, тоа е спорт, сето тоа е спорт, само што ние многу пари дадовме за тој спорт и многу вложивме. Луѓето во Србија заслужуваат подобри резултати. Не е проблем да изгубите од Англија која е лоша, од Германија, Шпанија, но проблем е кога ќе изгубите од Словенија која чини три пати помалку од нашиот тим. Ние сме сите како задоволни, среќни, нема да се занимавам со тоа, ние не сме банана земја во која нешто се решава преку ноќ, но сигурен сум дека како во ракометот, така и во фудбалот, посебно поради фактот дека вложуваме многу инфраструктурата и платите на функционерите, вложуваме огромни пари, граѓаните заслужија подобар резултат“, изјави Вучиќ.


Потсетуваме, фудбалерите на Србија на Европското првенство во Германија одиграа три натпревари и освоија два бода. Прво беа поразени од Англија (1-0), а потоа одиграа нерешено со Словенија (1-1), па со Данска (0-0).

И покрај тоа што Србија шампионатот го заврши како четврта во својата група, селекторот Драган Стојковиќ Пикси дал многу дискутабилна изјава дека тој и фудбалерите во Србија се враќаат со кренати глави.


„Можам да кажам дека сум горд на играчите, се бореа, даваа се од себе, многу истрчани километри. Ако влеземе во подлабока анализа, поразот против Англија и изгубениот бод не доведоа во оваа ситуација. Мислам дека оставивме добар впечаток, играчите ги заслужуваат сите честитки за борбеноста. Ја претставија Србија на најдобар начин“, рекол Селекторот, па зборувал за натпреварот со Данска:

„Беше тврд натпревар, на тактички план идентичен натпревар за двете страни. Беше огледало во тактичка смисла. Зборува и бројот на шанси … Знаевме дека ќе биде така. Знаевме дека мораме да постигнеме гол од некоја можност. Беа во подобра позиција бидејќи им одговараше еден освоен бод. Словенија и Данска не победија никого, со нерешено одат понатаму. Наверојатно, но вистинито.“


Потоа зборувал и за наредните цели:

„Лигата на нации, мораме да анализираме што работевме, како работевме, дали можеше подобро, дали не можеше. Во еден сегмент направивме исчекор, а тоа дефанзивата. Тоа е тоа, ни фалеше гол, победа. Можеби и оние шанси против Словенија. Сето тоа придонесе за ова. Си заминуваме со кренати глави, не ја посрамотивме Србија“, заклучил Пикси.

Ден по натпреварот дошло до бунт кај некои фудбалери против селекторот Стојковиќ, пренесуваат српските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг