Ослободен поранешен австриски шпион кој се сомничи за поврзаност со Русија и ФСБ, истрагата за неговиот случај продолжува

Точка

26/06/2024

16:52

684

Големина на фонт

а а а

Судот во Виена денеска нареди ослободување на поранешниот австриски разузнавач Егис От, но истрагата за неговиот случај ќе продолжи, јавува австриската новинска агенција АПА.

Ото беше уапсен на 29 март под обвинение дека ги дал податоците од мобилниот телефон на поранешен висок австриски функционер на руски разузнавачи, помогнал во организирањето на грабежот на станот на позната новинарка и дека бил вмешан во атентат во Германија нарачан од Русија.

За него постои сомневање и дека му дал доверливи информации на Јан Марсалек, австриски бегалец кој Австрија го сомничи за измама по затворањето на германската компанија Wirecard, каде што тој бил еден од водечките луѓе. Во налогот за апсење на Марсалек стои и дека Марсалек е директно поврзан со руската разузнавачка служба ФСБ.

Германските и австриските медиуми јавуваат дека Марсалек е во контакт со руските разузнавачи од 2014 година. Во моментов се верува дека е во Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг