Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома

Точка

26/06/2024

16:15

605

Големина на фонт

а а а

Обемот на работа од дома во Германија и неколку години по пандемијата на коронавирусот сè уште е на високо ниво, иако во споредба со претходните години е во благ пад, соопштила Канцеларијата за статистика во Виесбаден.

„Во 2023-та година 23,5 проценти од вработените во целост или делумно работеа од дома, што е благ пад во споредба со претходните години“, стои во соопштението на Канцеларијата за статистика.

Посебно опаднал бројот на оние кои секојдневно работат од дома. Во споредба со периодот пред пандемијата, уделот на вработени кои работат до дома се дуплирал.

Од март 2022-ра година престанала обврската на работодавците за овозможување на работа до дома кога тоа е можно да се усогласи со работните процеси.


„IT“ секторот и младите најмногу работат од дома

Најголем процент од оние кои работат од дома бележи „IT“ секторот со речиси 75 проценти од вработените кои во целост или делумно работат од дома. Сличен висок процент се бележи и во секторот за управа, осигурување и деловно советување.

Најнизок процент бележи здравствениот сектор каде само 6,4 проценти од вработените повремено работеле од дома. Слично низок процент бележи и малопродажбата и градежништвото.


Работата од дома најмногу ја користеле младите вработени во старосна група од 25 до 44 години, што аналитичарите го поврзуваат со можноста за грижа за децата.

Германија со овие вредности на работа од дома во споредба со останатите членки на ЕУ се наоѓа на средината на табелата. Внатре во Европската унија работата од дома најмногу ја користат Холанѓаните, Швеѓаните и Финците, а најмалку Бугарите, Романците и Грците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг