Започна судењето на Еван Гершкович: Првиот американски новинар уапсен во Русија поради шпионажа уште од крајот на Студената војна

Точка

26/06/2024

10:22

1.174

Големина на фонт

а а а

Во Русија денеска започна судењето на американскиот новинар Еван Гершкович, кој е одведен во Свердловскиот регионален суд во Екатеринбург на прво сослушување во случајот за шпионажа, пренесува агенцијата „РИА Новости“.

32-годишниот Гершкович, американски новинар уапсен во март 2023-та, мина речиси 15 месеци во истражниот затвор Лефортово поради обвинение за шпионажа.


Според руското обвинителство, новинарот на „Wall Street Journal“ се товари во Русија дека, по инструкции на ЦИА, во март 2023-та година собрал „тајни информации во Свердловската област за активностите на НПК Уралвагонзавод ЈСЦ за производство и поправка на воена опрема“.


Рускиот ФСБ на 30-ти март 2023-та година објави дека Гершкович е уапсен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа за американската влада.


Гершкович е првиот американски новинар кој е уапсен во Русија под обвинение за шпионажа од крајот на Студената војна. Американскиот новинар, „Wall Street Journal“ и владата на САД ги отфрлија овие обвиненија како невистинити.


Ако биде осуден, Гершкович би можел да се соочи со казна од 20 години затвор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг