„Ројтерс“: Трамп подобар кандидат за економски прашања, Бајден за зачувување на демократијата

Макфакс

26/06/2024

09:44

873

Големина на фонт

а а а

Гласачите во Соединетите Американски Држави сметаат дека кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори Доналд Трамп е подобар кандидат кога станува збор за економијата, но сметаат дека кандидатот на Демократската партија Џозеф Бајден е подобар кандидат кога станува збор за зачувување на демократијата.

Анкетата на Ројтерс и истражувачката агенција Ипсос покажа дека двете клучни прашања за гласачите во САД се состојбата на демократијата и економските проблеми, при што 47 отсто од испитаниците велат дека Трамп е подобар избор за тој проблем, додека 37 отсто рекле дека Бајден е подобар пренесува Танјуг.

Кога станува збор за прашањето за имиграцијата, 44 отсто од анкетираните сметаат дека Трамп е подобар избор, додека 31 отсто од нив веруваат дека Бајден е подобар, а Ројтерс додава дека во 2022 година 13,9 отсто од населението ќе бидат имигранти, што е највисок процент во овој век.

На Трамп се гледа и како подобар на кандидат во однос на надворешните конфликти и тероризмот со 40 отсто спрема 35, но Бајден е подобар кандидат кога станува збор за одговор на екстремизмот и заканите по демократијата, со 39 отсто наспроти 33, што според испитаниците е вториот најголем проблем во САД.

Бајден води и кога станува збор за здравствената заштита со 40 наспроти 29.

Во претходните анкети на Ројтерс и Ипсос, Бајден и Трамп беа главно изедначени, но зголемување на популарноста на Трамп беше забележано во некои сојузни држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг