[ВИДЕО] На протестите во Кенија полусестрата на Обама меѓу демонстрантите погодени со солзавец

Точка

25/06/2024

21:17

1.227

Големина на фонт

а а а

Кениската активистка Аума Обама, полусестра на поранешниот американски претседател Барак Обама, била меѓу демонстрантите кои беа погодени со солзавец пред зградата на парламентот во Најроби.

Според странските медиуми, покрај солзавец, полицијата пукала и врз демонстрантите кои се обиделе да упаднат во зградата на парламентот, а се јавува и дека загинале најмалку десет демонстранти. Десетици луѓе беа повредени, а делови од зградата на парламентот беа опожарени додека пратениците го гласаа законот за зголемување на даноците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг