[ФОТО] Не е само Блед: Избрани се најубавите езера за одмор во Европа, дури четири се наоѓаат во поранешна Југославија

Точка

24/06/2024

17:01

20.153

Големина на фонт

а а а

Една од водечките светски платформи за патувања „Лонли планет“ (Lonely Planet) објави листа на езера во Европа кои се совршени за одмор, а четири од нив се од поранешна Југославија.

„Крајбрежјето на Европа и прекрасните плажи привлекуваат големо внимание во лето, но не треба да се занемарат езерата на континентот. Италија може да се пофали со прекрасни езера опкружени со планини, а езерата во Хрватска и Англија се вистинска сензација. Без разлика дали сакате да пливате или само да се опуштите, Европа има доволно езера за секоја авантура“, стои во написот, пренесува „Индекс.хр“.


На листата се наоѓаат и четири езера од поранешна СФРЈ, по две од Хрватска и Словенија.

„Не можете да одлучите помеѓу езеро и море? Размислете за Мљет. Овој волшебен остров има две солени езера – Мало езеро и Големо езеро. На Големото езеро можете да одите на излет со брод до островот Света Марија, каде што се наоѓа манастир од 12. век. Можете да изнајмите и кајак“, пишува во написот.


„Посебно можеби ќе ви се допадне тоа што езерата на Мљет се потопли од морето, особено Мало езеро“, додаваат во статијата.

Од „Лонли планет“ нагласуваат дека овие езера се дел од Националниот парк Мљет и препорачуваат да се посети целиот парк.

„Пешачењето во паркот може да биде совршен еднодневен излет од Дубровник, до кој можете да стигнете со траект за два часа“, додаваат тие. Истакнале дека може да се отседне и во хотел.

„Лонли планет“, покрај Малото и Големото езеро во Хрватска, на листата ги вклучи и:

– Езерата Ди Левико и Калдонацо (Италија)

– Езерото Гарда (Италија)

– Боденското езеро (Германија, Швајцарија, Австрија)


– Бледското и Бохињското езеро (Словенија)

– Езерото Анеси (Франција)

– Езерото Сен Кроа (Франција)

– Батермер и Крамок Вотер (Англија)



Спонзорирани линкови

Маркетинг