Отишла да џогира и исчезнала: Ја пронаше после 22 дена со модринки, а кога се открила вистината сите останале без зборови

Точка

24/06/2024

14:51

4.442

Големина на фонт

а а а

Започнала широка потрага, а била објавена и молба за каква било информација во националните вести.

Лицето на Шери Папини стана едно од најпрепознатливите во Калифорнија кога исчезнала од домот што го делела со сопругот и двете деца.

Немилиот настан се случил во 2016 година, откако жената тргнала на џогирање и повеќе не се вратила. Тоа што следело е опсежна потрага и епилог сличен на најсложените холивудски трилери.

Шери Папини била пријавена за исчезната во ноември 2016 година. Живеела во Рединг со нејзиниот сопруг Кит и двете мали деца.

За неколку часа, започнала масовна потрага, а молба за каква било информација била објавена во националните вести.

Нејзиното лице било на насловните страници, а сопругот Кит се залагал за безбедно враќање на неговата сопруга и мајка на неговите деца.

По 22 дена, возач ја видел Шери како талка по патот во округот Јоло, на околу 200 километри од местото каде што исчезнала.

На телото имала окови, повреди и модринки. Рекла дека ја киднапирале две жени, по потекло од Латинска Америка. Тие биле вооружени и насилно ја внеле во нивниот автомобил, пренесува "Today".

Додека била приведена постојано ја тепале, ја врзувале и велеле дека ќе ја продадат. На крајот успеала да побегне и да најде спас.


Ужасните детали ја шокирале нацијата, а Шери продолжила да ги раскажува овие настани во следните шест години. Во тој период добивала инвалидска помош од Управата за социјално осигурување.

Истрагата продолжила, но полицијата не успеала да ги идентификува и лоцира жените опишани од жртвата. По четири години, детективите ја предупредиле Шери дека може да се соочи со кривична пријава доколку го измислила киднапирањето, но таа не се откажала.

Тогаш на сосема неочекувано место била пронајдена нејзината ДНК и клопчето почнало да се расплетува.


Трагата ја одвела полицијата до Џејмс Рејес, поранешно момче на Шери.

Тој ги шокирал детективите со своето признание, а сè било откриено во новиот документарен филм „Совршена сопруга: Мистериозното исчезнување на Шери Папини“.

Шери сакала да го напушти сопругот (тврдејќи дека ја малтретирал), а Џејмс направил се за да и помогне. Ја возел наоколу, и обезбедил сместување…

По три недели, сепак, решила да се врати кај децата и смислила приказна за киднапирање и мачење. Џејмс и „асистирал“ во "повредувањето".

Таа подоцна била обвинета и се изјаснила за виновна на суд по повеќе обвиненија, вклучително и измама и давање лажни информации.

Таа била осудена на 18 месеци затвор, а по отслужувањето на казната била пуштена на слобода. Тоа беше во 2023 година.

Во меѓувреме, Кит поднел барање за развод и побарал старателство над двете деца. Во едно неодамнешно интервју тој изјавил дека децата разговараат со својата мајка.

„Тие разговараат на телефон еднаш месечно или секоја втора недела. Може и да се видат под стручен надзор“, откри тој.

Шери не учествувала во снимањето на документарецот, а нејзиното место на живеење не е јавно познато.




Спонзорирани линкови

Маркетинг