[ВИДЕО] Ноќе се претвораат во нешто што ниту еден лекар не може да го објасни: Преку ден се нормални момчиња, а кога сонцето ќе зајде започнува агонија

Точка

24/06/2024

12:42

13.924

Големина на фонт

а а а

Браќата Абдул Рашид и Шоаиб Ахмед од Пакистан, во јавноста станаа познати како „соларни деца“ поради нивната мистериозна болест.

Ноќе започнува нивната агонија

Двете момчиња водат нормален живот во текот на денот, но стануваат парализирани кога сонцето заоѓа. Болеста ги спречува сами да јадат, пијат или да одат во тоалет.

„Ваквата состојба е присутна кај нив уште од раѓање. Кога сонцето заоѓа, тие стануваат парализирани. Се надевам дека моите деца наскоро ќе можат да одат ноќе“, изјавил Мохамaд Хашим, татко на децата кој е роден во село во близина на јужниот град Кета.

Соседите брзо почнале да ги нарекуваат момчињата „соларни деца“. Камерите снимиле како децата се менуваат, по што следело сеопшто чудење.

Никој нема објаснување за нивната состојба

Како што заоѓало сонцето, тие започнувале да имаат потешкотии во движењето и контролирањето на своите екстремитети, додека сонцето целосно не зајде и момчињата биле одведени во кревет.

Кога Абдул имал две години, го однел во болница, но решение или објаснување за болеста никогаш не било најдено.


Никој не можел да им помогне на момчињата да водат нормален живот. Дури и со 300 различни тестови, лекарите долго време верувале дека се работи за генетика.

Пресврт во случајот

Кога медиумите го расветлија случајот на „соларните деца“, Пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), лоциран во Исламабад, понудил да плати за истражување за лекување на малите деца.

Што велат лекарите?

Било откриено дека сончевото зрачење предизвикува абнормално ослободување на допамин во нивните тела во текот на денот, што доведува до нивна парализа кога ќе падне мрак.


Лекарите им препишале таблети допамин, советувајќи ги децата да земаат поголеми дози ноќе, а помалку во текот на денот. За чудо, браќата почнале да го враќаат своето здравје и виталност. Но, до ден-денес нивниот здравствен проблем не е официјално решен, туку таблетите само им го олесниле животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг