МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: Паднал од кровот на викендичката на Осогово и загинал

Макфакс

23/06/2024

17:31

7.211

Големина на фонт

а а а

Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов.

Според информациите, тој загинал на лице место при пад од кровот на својата викенд куќа на планината Осогово, каде што извршувал градежен зафат.

Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Андонов беше дипломиран економист, а во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година беше дел од пратеничката група на СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг