Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“, 42-годишниот Б.Т. од Скопје, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во рекламен билборд, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и неговата сопатничка Л.Т.(72) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.