Сите животни ја покажуваат љубовта на посебни начини, а една сива мачка секој ден ѝ подарува цвет на нејзината сопственичка од нејзината градина.
Сопственичката го снимила нејзиното милениче како доаѓа со камелија во устата. Таа го објави видеото на Инстаграм и собра над 400.000 лајкови од ентузијастичките следбеници.
Мачката влегува во спалната соба и го остава цветот покрај прозорецот бидејќи не го нашла сопственикот во собата, па оди на дополнителна потрага. Подоцна можеме да ја видиме мачката како излегува од градината со нова камелија, а овој пат сопственичката доаѓа да ја пречека за да ја поздрави и да ѝ се заблагодари за прекрасниот подарок.
Во описот на видеото, сопственичката ја нарече мачката „слатка самовила“ и нагласи дека камелиите не се отровни за мачките.