[ВИДЕО] Традицијата во скопската ЗОО продолжува и годинава: Ладен десерт за разладување на животните во овие екстремни горештини

Точка

20/06/2024

20:42

2.032

Големина на фонт

а а а

Зоолошката градина во Скопје на својот „Инстаграм“ профил објави видео на кое може да се види како животните се разладуваат на овие јунски тропски горештини.

Оваа традиција се повторува и навистина е убава глетка да се види дека животните не се препуштени само така на екстремните температури. Тие, исто како и луѓето едвај ги поднесуваат високите бројки и кој ако не ние можеме да им помогнеме за полесно да го пребродат овој топлотен бран.


„На екстремно топло време и животните бараат разладување. Традиционално како и секое лето подготвивме сладоледи за нашите најмили. Поздрав од Мадагаскар екипата, се наведува во објавата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг