Ова емотивно видео од куче кое ја слави победата над ракот ќе ви го разубави денот

Точка

20/06/2024

21:17

5.849

Големина на фонт

а а а

Сопствениците и персоналот на ветеринарната клиника заедно го прославиле закрепнувањето на златниот ретривер Дандер, кој успеал да го победи ракот.

Во емотивното видео објавено на ТикТок, Дандер влегува во просторијата со академска капа на главата, задоволно мавта со опашката и ги поздравува сите околу него. Еден од ветеринарите потоа на неговата сопственичка ѝ дава фотографија од Дандер и плик со неговото име.


Дандер добил и специјална кучешка торта за уште поубаво да ја прослави победата над опасната болест.

Инаку, златните ретривери во последно време станаа раса која најчесто заболува од некој вид на рак, пишува „ImpriMed“. Дури 60 отсто од златните ретривери умираат од оваа болест. Во текот на својата историја, оваа раса имала релативно долг животен век, па во 1970-те можеле да доживеат и 17 години. Во последните 50 години, нивниот ризик од рак и други болести експоненцијално пораснал, особено во САД. Денес, оваа омилена семејна раса обично живее од 10 до 14 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг