Полицаецот кој го уапси Џастин Тимберлејк бил толку млад што не го препознал

Точка

20/06/2024

16:50

3.375

Големина на фонт

а а а

Полицаецот кој го уапси Џастин Тимберлејк поради возење под дејство на алкохол во Хемптонс бил толку млад што не ја препознал суперѕвездата, тврдат извештаите.

10-кратниот добитник на Греми беше уапсен во вторникот нешто по полноќ во богатата енклава Хемптонс во Саг Харбор, Лонг Ајленд, позната како популарна дестинација за познатите личности во летните месеци. Тимберлејк тврдел дека испил само „едно мартини“, пишува Њујорк пост.


Тимберлејк се појави пред судот во Лонг Ајленд во вторникот и беше ослободен без кауција, пишува „TMZ“, а треба да се појави пред судот на 26 јули. .

Полицаецот немал поим кој е тој

Полицијата соопшти дека Тимберлејк бил во американскиот хотел на забава и го пропуштил знакот СТОП од страна на полицијата, па полицајците го следеле и го стопирале. Пејачот ѝ кажал на полицијата дека ги возел своите пријатели дома и „не успеал на сите стандардизирани тестови за трезвеност на терен“. Тој одбил да направи алкотест, се вели во жалбата.


„Неговите очи беа црвени и сјајни, здивот му мирисаше на алкохолен пијалак, не можеше да го задржи фокусот, говорот му беше нејасен, одењето му беше нестабилно и падна на сите стандардни алкотестови“, се наведува во извештајот.

Пријателите на Тимберлејк биле блиску до апсење и ја молеле полицијата да го ослободи, но полицајците одбила, според „TMZ“, а Њујорк пост објави дека неименуваниот полицаец што го уапсил „бил толку млад што не ни знаел кој е Тимберлејк“. Пејачот му рекол на офицерот дека „ова ќе му ја уништи турнејата“, на што офицерот прашал: „Каква турнеја?“




Спонзорирани линкови

Маркетинг