Што пишува во новиот договор меѓу Русија и Северна Кореја?

Точка

20/06/2024

22:10

2.984

Големина на фонт

а а а

Новиот договор меѓу Русија и Северна Кореја подразбира двете земји да ги искористат сите расположливи средства за пружање на итна воена помош во случај на војна, пишуваат денес севернокорејските државни медиуми.

Договорот, кој на состанокот во Пјонгјанг го постигнале лидерите на двете земји, Владимир Путин и Ким Јонг Ун, медиумите го опишуваат како голема надградба на билатералните односи, кој опфаќа безбедност, трговија, инвестиции, културни и хуманитарни врски.

Аналитичарите сметаат дека новиот договор би можел да ја означи најмоќната врска меѓу Москва и Пјонгјанг од крајот на Студената војна.


„KCNA“, официјална севернокорејска новинска агенција, пренесува дека во членот четири од договорот пишува дека, доколку една од земјите биде нападната и во воена состојба, другата мора, без одложување, да ги распореди сите средства кои и стојат на располагање за да пружи воена и друга помош.

Исто така, меѓутоа, се наведува и дека таквите акции мора да бидат во склад со законите на двете земји и Членот 51 од Повелбата на Обединетите нации, кој ги препознава правото на државите членки на ОН на самоодбрана.


САД и нивните сојузници стравуваат дека Пјонгјанг би можел да и обезбеди на Москва оружје за војната во Украина во замена за економска помош и трансфер на технологии за нуклеарна и ракетна програма.

По самитот, Ким изјавил дека двете земји имаат „огнено пријателство“ и дека договорот е нивниот најмоќен досега, носејќи го односот на ниво на сојузништво. Тој ветил целосна поддршка на војната на Русија во Украина. Путин тоа го нарекол продорен документ кој ги одразува заедничките желби односите да се пренесат на повисоко ниво.


Северна Кореја и Советскиот Сојуз во 1961-ва година потпишале договор според кој, како што наведуваат експертите, воена интервенција на Москва би била неопходна доколку Северна Кореја биде нападната. Договорот бил отфрлен по распадот на СССР и заменет со договор до 2000-та, кој нудел послаби безбедносни гаранции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг