[ВИДЕО] Експлозија на Цетиње, познато кои се шкаљарците кои се убиени во бомбашкиот напад: Повредени три лица

Точка

20/06/2024

12:37

6.792

Големина на фонт

а а а

Во бомбашкиот напад на Цетиње настрадале Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ, наводно блиски до шкаљарскиот клан, а ранети сè уште три лица.

Во близина на Спортскиот центар на Цетиње, утрово во околу 9:10 часот, по активирањето на експлозивна направа, две лица загинале, додека три лица биле повредени, потврдено е за порталот „Nova.rs“ од црногорската полиција.

„Полициските службеници веднаш по сознанието на за настанот излегоа на самото место кое сега е обезбедено. Со цел утврдување на сите околности и факти, односно расветлување на овој настан, службениците на Управата на полицијата во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица преземаат интензивни истражни мерки и акции, а за чиј тек и резултат јавноста ќе биде благовремено известена“, наведуваат од Црногорското МВР.


Според неофицијални сознанија, настрадале Петар Калуџеровиќ и Драган Рогановиќ, лица блиски до шкаљарскиот клан, пишува подгорички „Dan“.

Настраданиот Петар Калуѓеровиќ бил уапсен оваа година поради недозволено поседува на оружје, пишува подгорички „Vijesti“.


Тој заедно со Михаил Борозан, Владимир Калуѓеровиќ и Милан Калуѓеровиќ биле во притвор поради сомнежот дека извршиле кривични дека недозволено поседување и носење на оружје и експлозивни материи. Четворицата биле уапсени на 11-ти април во престолнината, а полицијата од тој ден трага по Марко Машановиќ, кој е осомничен дека извршил исто кривично дело.


Од силната експлозија која утрово се случила се скршиле стаклата на зградата на Спортскиот центар и откорнато е едно дрво. Службеници на полицијата и екипите на Итна помош се на терен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг