„Microsoft“ веќе не е највредна компанија во светот

Точка

18/06/2024

22:14

6.173

Големина на фонт

а а а

„Nvidia“ стана највредна компанија на светот, симнувајќи го од тронот „Microsoft“, бидејќи нејзините врвни процесори играат централна улога во ширењето на технологијата за вештачка интелигенција.

Акциите на овој произведувач на чипови пораснаа за 3,5 проценти, на 135.6 долари, со што пазарната вредност на компанијата скокнала на 3,34 трилиони долари.

„Nvidia“ во претходните неколку дена го престигна „Apple“ и го потисна произведувачот на „iPhone“ на третото место.


Пазарната вредност на „Microsoft“ моментално е 3,32 трилиони долари, откако неговите акции опаднале за 0,2 проценти.

Акциите на „Apple“ ослабеле за 1,3 проценти, па компанијата сега вреди 3,27 трилиони долари.


Акциите на „Nvidia“ оваа година пораснале за 173 проценти, а оние на „Microsoft“ за 19 проценти. На пазарот постои голема побарувачка за врвните процесори на „Nvidia“ кои ја надминуваат понудата.

Технолошките гиганти „Microsoft“, „Meta Platforms“ и „Alphabet“ се натпреваруваат во развојот на компјутерските можности базирани на вештачката интелигенција и моментално доминираат во овој технолошки сегмент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг