Зошто „Ferrari“ ги исфрла навигациските системи од автомобилите?

Точка

18/06/2024

19:21

7.609

Големина на фонт

а а а

Иако цената на најевтиниот модел на „Ferrari“ се мери во стотици илјади евра, навигацијата веќе нема да се нуди во новите автомобили, дури ни со доплата.

Тоа пред се сè однесува на поновите модели „12Cilindri“ и „Purosangue“, а пратено е и објаснување од „Ferrari“.

Иако навигацијата долга низа години била симбол за луксуз во автомобилот, со појавувањето на паметните телефони станала многу подостапна.


Навигациските системи ја изгубија својата ексклузивност, но не и употребливост. Денес нудат повеќе информации од било кога порано, посебно оние кои се користат на мобилните телефони.

За тоа се свесни и од „Ferrari“, чии автомобили сопствениците ионака само повремено ги возат.


„Го направивме тоа бидејќи мислиме дека телефоните и поврзувањето на телефоните со мултимедијата претставуваат наједноставна опција и најсовремен систем“, рекол за „The Drive“ шефот на маркетингот на „Ferrari“, Емануеле Карандо.

„Нашите автомобили не се користат секој ден и не сакаме нашите купувачи секогаш кога ќе го возат својот автомобил да размислуваат каков систем мора да користат. Тие имаат свои телефон, имаат и „Apple“ и „Google“ мапи или нешто друго“.


И навистина, кога последен пат сте користеле вградена сателитска навигација во автомобилот наместо да го вклучите телефонот и да користите „Google Maps“.

Купувачите на новите модели на „Ferrari“ нема да имаат друг избор освен да го користат својот смартфон за навигација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг