[ВИДЕО] Девојка во Порше го привлекла вниманието на минувачите кои не можат да проценат: Дали е вистинска жена или кукла?

Точка

18/06/2024

17:39

4.351

Големина на фонт

а а а

На Интернет се шири вирално видео од Америка на кое се гледа како девојка седи во Порше на возачкото седиште и делува како да не се поместува.

Глетката привлекла внимание на минувачите кои започнале да ја снимаат, а видеото е прегледано повеќе од 15 милиони пати во само 4 дена откако е објавено.

„Се загриживме дека можеби не е жива. Можела малку да се потруди да изгледа реално“, стои во описот на видеото кое собрало бројни коментари.


„Дали е вистинска таа жена или се работи за кукла?“, „За сè е виновен ботоксот. Изгледа како неподвижна кукла“ и „Мислев дека ова е Ким Кардашијан“, коментирале тиктокерите. Некои, пак, напишале како на видеото е американската риалити ѕвезда Фарах Абрахам, додека други забележале како типка на телефонот. Дури на крајот од видеото жената ја поместила главата и така ставила крај на сите сомнежи.

„Опуштете се сите. Жената само се замислила“, заклучила една тиктокерка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг