[ВИДЕО] "Fiat" со ова видео ѝ "удри шлаканица" на италијанската влада

Точка

18/06/2024

15:21

6.563

Големина на фонт

а а а

По значајните проблеми на "Stellantis" со државните структури, пристигна видео од "Fiat" што многумина ќе го сфатат како индиректен одговор до италијанските законодавци.

"Fiat" објави промотивно видео за електричниот "500e", во кое можеме да го видиме преслаткиот "Fiat" на дело. Иако не постои амблем на брендот, како и мала значка со италијанското знаме, дури и оние кои се помалку упатени во автомобилската индустрија лесно ќе ги препознаат гените на "Fiat" во него.

Видеото „Fiat | No logo“ беше објавено на официјалната веб-страница на производителот. Глас ни вели на италијански: „Ако овој автомобил немаше лого, ако немаше име, ако немаше знаме … Немаше никакви информации за тоа што е или од каде доаѓа, сепак секој би го препознал затоа што кога автомобилот има легендарен дизајн и отсекогаш ја претставувал радоста на живеењето, тој може да биде само италијански и може да биде само "Fiat".

Да потсетиме, италијанската влада во последните месеци изврши голем притисок врз "Stellantis". Најпрво ги натераа да го сменат името на новитетот на "Alfa" од "Milano" во "Junior", а потоа им одзедоа 134 примероци од малиот "Topolino", поради малиот амблем на италијанското знаме.

Сè што е кажано се случило со оправдување дека италијанското знаме, или името "Milano" во првиот случај, би укажало на италијанското потекло на производот и со тоа ќе го доведе во заблуда корисникот. Имено, и во двата случаи автомобилите доаѓаат од Полска, а тоа баш и не им се допаѓа на италијанските власти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг