Сателитската услуга "Starlink" присутна во 100 земји во светот: Видеото ја покажува „мапата на проширување“

Точка

17/06/2024

13:23

7.077

Големина на фонт

а а а

Сателитската алатка "Starlink" во сопственост на американскиот претприемач и милијардер Илон Маск сега е присутна во 100 земји во светот, бидејќи неодамна и се приклучи Сиера Леоне како стота земја, беше објавено на социјалната мрежа "Х" (Твитер).

„Ова е стота земја, територија или друг пазар во светот каде што е присутен брзиот интернет на "Starlink"“, се наведува во соопштението, пренесува "Танјуг".

„Starlink“ објави и кратко видео на платформата „Икс“ кое ја покажува експанзијата низ светот, а Маск ја сподели оваа објава со своите следбеници.

Минатата недела услугите на "Starlink" беа одобрени од Шри Ланка, а во мај Маск го лансираше системот во Индонезија и Фиџи.

Американскиот претприемач тврди дека не е потребен долгорочен договор за "Starlink", туку дека може да се нарача „лесно и онлајн за две минути“, пренесува "Economic Times".




Спонзорирани линкови

Маркетинг