Шокантно видео: Патничка во авион седи врзана за седиште, на рацете и лицето селотејп ленти, а еве која била причината за тоа

Точка

17/06/2024

12:09

2.391

Големина на фонт

а а а

Федералната управа за авијација ја тужи патничката на „American Airlines“ која морала да биде врзана за седиште откако наводно се обидела да ја отвори вратата од авионот среде лет.

Хедер Велс (34) била на ноќниот лет од Далас-Форт Ворт за Шарлот во јули 2021 година, кога се обидела да ја отвори вратата од авионот и била насилна кон персоналот и другите сопатници.

Велс сега се соочува со тужба од управата, а за направеното дело треба да плати казна од 81.950 долари. Адвокатот Џејми Еспарза поднел тужба до сојузниот суд во Сан Антонио во име на управата за наплата на пари.

#WATCH: FAA Sues American Airlines Passenger After Being Duct-Taped to Seat , Seeks $81,950 Fine


Read more: https://trimfeed.com/politics/courts-law/faa-sues-american-airlines-passenger-after-being-duct-taped-to-seat-seeks-81950-fine-4763923


#HeatherWells #FAA #DuctTape #AmericanAirlines #MidAir

Posted by TrimFeed on Saturday, June 15, 2024

Таа наводно паднала во преминот и се заканувала дека ќе ја повреди стјуардесата која ѝ понудила помош.

Потоа ја турнала на страна и се обидела да ја отвори вратата од кабината.

Патничката во „повеќе наврати“ удрила една стјуардеса по главата и набрзо била врзана со лисици, но сепак успеала да го „плука, удира со глава, гриза и шутира“ персоналот и другите патници, наведува федералната агенција.

На избришаното ТикТок видео е прикажана жена врзана за нешто што изгледало како седиште во прва класа, со устата и торзото залепени со сива леплива лента. Таа била пренесена во болница на проценка откако авионот слетал во Шарлот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг