75-годишната актерка докажа дека годините се само бројка во креација која ги покори сите останати: Ова се најдобро облечените ѕвезди на доделувањето на Тони наградите

Точка

17/06/2024

23:30

14.363

Големина на фонт

а а а

Престижното 77-мо доделување на наградите Тони за успех во музичко-сценските изведби започна во неделата попладне во театарот Дејвид Х. Кох во Њујорк, а ѕвездите пристигнаа во своите најгламурозни изданија.

„Оскарите“ за претстави и мјузикли не се можеби толку интересни и не сите имаат можност да ги погледнат како филмовите, но затоа големо внимание привлекуваат гостите во своите раскошни тоалети и одела.

Добитничката на Оскар и Тони, Аријана Де Босе, се врати како водителка и домаќинка на доделувањето по трет пат.


Сцената беше „осветлена“ со бројни настапи, вклучувајќи ги нумерите на актерите Даниел Редклиф, Џонатан Гроф и Линдзи Мендез.

Меѓу овогодишните добитници се најдоа славни имиња како Анџелина Џоли, Даниел Окин, Сара Полсон, Даниел Редклиф, Џереми Стронг, Кеша Луис...

Овогодишното доделување на Тони наградите имаше интересни стајлинзи кои нè маѓепсаа со својот гламур, а актерката Џесика Ланг (75) уште еднаш докажа дека годините се само бројка, појавувајќи се во креација на Долче и Габана.


Во продолжение погледнете ги останатите најдобро облечени ѕвезди од доделувањето на 77-те Тони награди:





Спонзорирани линкови

Маркетинг