[ВИДЕО] „Бракот за многумина е затвор“: Сергеј Трифуновиќ за првпат за заедницата по венчавката со 23 помладата Исидора и советот од Бреговиќ

Точка

15/06/2024

15:46

4.982

Големина на фонт

а а а

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ (51) и неговата избраничка Исидора Мијановиќ (28) се венчаа на 12 мај во кругот на нивните најблиски пријатели.

По тој повод, двојката организираше свадбена церемонија во прекрасниот амбиент на шумскиот парк Топчидер, каде направија и фотосесија, а потоа со гостите отидоа во еден белградски ресторан, каде што имаа интимна прослава.

Еден месец по венчавката, Трифуновиќ се огласи за заедницата и се повика на советите на Горан Бреговиќ.


„Тој вели: ’Што, брак? Не правете го тоа пред да наполните педесет години, тоа не е добро за вас, за вашата жена или за вашето дете, не правете го тоа пред да наполните педесет‘. Така, јас всушност го послушав Бреговиќ“, изјави Трифуновиќ за „Уна“, додавајќи го својот заклучок:


„Бракот за многумина е затвор. Така што бракот сам по себе не решава ниту еден ваш проблем доколку ги имате. Мора да се справите со проблемите и подобро да влезете во брак без нив“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг