[ФОТО] Боењето на овој автомобил трае дури 55 часа

Точка

15/06/2024

10:36

3.757

Големина на фонт

а а а

"Bentley" ја прошири палетата на бои на вкупно 15 уникатни нијанси, овозможувајќи им на клиентите уште поголеми опции за персонализација.

Овој додаток на понудата е развиен во „Bentley’s Dream Factory“ и се применува по нарачката на клиентите во Центарот "Excellence", покажувајќи ја посветеноста на "Bentley" за врвна изработка. Имено, секое возило поминува низ внимателен процес на фарбање кој трае дури 55 часа за да се постигне беспрекорен мат финиш на сатенскиот дезен.


Новите мат бои се достапни за сите модели на "Bentley", вклучувајќи ја и новата "Mulliner Batur Convertible". Цената не е објавена, но секако е скапа.


Новитетот во понудата беше објавен само десет дена по информацијата дека моторот W12 заминува во пензија, а ќе биде заменет со моќен plug-in хибриден погон со V8 мотор и максимални 782 коњски сили и 1000 Nm. Нуди електричен опсег од околу 80 km на Continental GT Performance Hybrid и најавува блиска електрификација на целата гама.




Спонзорирани линкови

Маркетинг