[ВИДЕО] Израел користи оружје од среден век за да го гаѓа Либан

Точка

14/06/2024

20:47

3.266

Големина на фонт

а а а

Израелските војници користат оружје од среден век за да фрлаат огнени кугли преку границата во Либан, во време кога се засилени прекуграничните судири меѓу Израел и проирански Хезболах.

Требуше, опсадно оружје слично на катапулт, ретко се користи од 16-тиот век, пренесува американската ТВ мрежа „CNN“, а израелската војска соопштила дека станува збор за локална иницијатива која не прераснала во широка употреба.

Израелскиот јавен сервис „Кан“ јавува дека таквото оружје веројатно се користи за да се запалат грмушките и израелските сили полесно да ги идентификуваат непријателите кои се обидуваат да дојдат до границата.

Видеоснимката од оружјето во акција било поставено на социјалните мрежи оваа седмица. „CNN“ не можел да оцени кога е снимено, но лоцирано е на израелско-либанската граница.

И иако имаше извештаи дека катапулти користат украинските демонстранти во текот на протестите во 2014-та година и сирсиките бунтовници една година порано, тоа оружје е реликт на минатите воени времиња.

„CNN“, повикувајќи се на податоци од Енциклопедија „Britanica“, пренесува дека последен пат е забележано требуше да користи шпанскиот конквистадор Хернан Кортес против Ацтеките во Мексико во 1521. година.

Требуше и катапулт се користеле се поретко од пронаоѓањето на барутот.

Влошување на судирите на северот на Израел

Видео-снимката е објавена откако прекуграничните напади од Либан предизвикале големи пожари ширум северен Израел минатата седмица, палејќи земја, што довело до евакуација на населението.

Прекуграничните напади биле засилени овој месец, но судирите со помал интензитет траат од нападот на палестинскиот Хамас на југот на Израел на 7-ми октомври во кој беа убиени, според израелските податоци, околу 1.200 луѓе, во главно цивили, а киднапирани и однесени во Газа повеќе од 250 заложници.

Тоа предизвикало заострување на војната меѓу Израел и Хамас во која е уништен поголем дел од палестинската територија и убиени повеќе од 37.000 Палестинци.

Хезболах вели дека сега е во војна со Израел во знак на поддршка на Палестинците во Газа.

Се верува, меѓутоа, дека воената способност на таа организација е многу поголема од онаа на Хамас и дека е засилена од 2006-та година, кога еден месец војувала со Израел и тогаш во главно користела непрецизни ракети советско време.

Лидерот на Хезболах Хасан Насралах вели дека неговата организација има 100.000 борци и резервисти.

Покрај тоа се проценува дека Хезболах има 150.000 ракети кои би можеле да направат проблеми на израелската одбрана во случај на тотална војна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг