За некои работи треба да знаете и да бидете два чекори пред ситуацијата, а се чини дека такво нешто практикува еден маж, кој иако како љубовник, со својата оригинална идеја се прослави на социјалните мрежи.
Имено, како што се наведува на „Х“ профилот „Nenad_ignj“, некаде во Србија постои човек кој како љубовник смислил идеја како во односот со туѓа жена да не го извлече подебелиот крај.
„Пази сега ова! Доаѓа љубовник во стан на венчана жена, го остава автомобилот на местото на нејзиниот сопруг со телефонски број. Така, кога сопругот ќе дојде, тој само ќе излезе да си го помести автомобилот и ќе замине“.
Царски💪👑😂 pic.twitter.com/qprUTwNOdL
— ПРОТ (@DraganMilosev5) June 12, 2024
„Ја сврте играта“
Иако не е познато од каде точно доаѓа мажот и дали навистина ваквата ситуација некогаш се случила, она што е познато е дека објавата насмеа многу луѓе.
„Царски“, „Добра работа, освен кога сопругот се паркира на друго место, па ненајавено влегува во станот“, „Интелигентно“, „Дали е згоден не знаеш, дека е паметен – знаеш!“, „Ја сврте играта“, „Домашно воспитување“, „Генијалец“, „Сè е супер сè додека не станува збор за вашата сопруга“, се дел од коментарите под објавата.