Важен археолошки локалитет е осуден да исчезне за околу 50 години, предупредуваат експертите

Точка

13/06/2024

23:02

3.259

Големина на фонт

а а а

Местото познато по храмовите кои ги чуваат камени лавови би можело засекогаш да исчезне, предупредуваат научниците.

На овој локалитет, еден од најважните локалитети на античка Грција, Делос, кој е стар повеќе од 2.000 години, му се заканува исчезнување во следните 30 години поради порастот на нивото на морето предизвикано од климатските промени.

Краткото возење со брод од раздвижените ноќни клубови на Миконос води до Делос заштитен од УНЕСКО, едно од најважните светилишта на античкиот грчки и римски свет.

Опкружени со продорни азурни води, градбите на Делос стари 2.000 години нудат микрокосмос од информации за секојдневниот живот за време на хеленистичкиот и римскиот период.

Но, во рок од неколку децении, поради зголемувањето на нивото на морето предизвикано од климатските промени, локацијата позната по храмовите чувани од камени лавови би можела засекогаш да исчезне, предупредуваат научниците.


„Делос е осуден да исчезне за околу 50 години“, вели Вероник Чанковски, раководител на Француското археолошко училиште во Атина (ЕФА), кое го ископува локалитетот во последните 150 години под лиценца од грчката држава.

Тивката драма на малиот остров во Егејското Море не може да биде повеќе во контраст со вревата на соседниот Миконос, кој привлекува стотици илјади посетители годишно.

Најголемите структурни оштетувања се видливи на просторот каде што имало трговски и магацински објекти во првиот и вториот век п.н.е. и кој не е достапен за посетители.

„Водата во зима влегува во магацините. Ја кородира основата на ѕидовите“, забележа Жан-Шарл Морети, директор на француската мисија на Делос и истражувач во Францускиот Национален институт за истражување на античка архитектура (IRAA).


Тој за „AFP“ додаде и дека секоја година на пролет забележува дека новите ѕидови се рушат.

Во период од 10 години, нивото на морето се искачило и до 20 метри во некои делови на островот.

Минатогодишната студија на Универзитетот Аристотелио во Солун покажа дека зголемувањето на температурата во комбинација со високото ниво на влажност може значително да влијае на хемискиот состав на одредени материјали што се користат во спомениците на културното наследство.


„Исто како и човечкото тело, спомениците се направени да издржат одредени температури“, изјави за дневниот весник „Катимерини“ претходно оваа година водачот на студијата Ефстатија Тринга, истражувач за метеорологија и климатологија од Универзитетот Аристотел во Солун.

Дополнителен проблем е постојаниот наплив на туристи од Миконос кои често се оддалечуваат од дозволените области. Во лето, само неколку археолози се таму за да вршат надзор, пренесува Klix.ba.




Спонзорирани линкови

Маркетинг