Кој ги наследи милионите на Силвио Берлускони? Во игра беа 5-те деца и младата љубовница, а потоа бил отворен тестаментот

Точка

12/06/2024

20:31

5.130

Големина на фонт

а а а

Една година по смртта на Силвио Берлускони, сега со сигурност се знае кој ги наследил неговите милиони.

Помина една година од смртта на поранешниот италијански премиер и скандал мајстор Силвио Берлускони, кој тогаш имаше 86 години. Тој има пет деца од два различни брака, како и 53 години помладата девојка Марта Фашина.


Кога се дозна дека е во врска со младата Марта, сите мислеа дека таа ќе ги земе сите милиони на Берлускони, но овој искусен политичар една година пред смртта напишал тестамент, кој беше отворен неодамна. Во него стои дека има богатство кое е проценето на 6,8 милијарди долари и дека секој долар ќе им припадне на неговите деца: Марина, Пјер Силвио, Барбара, Елеонора и Луиџи.

Бидејќи не беше законски венчан со Марта Фашина, оваа млада политичарка остана без ниту еден милион од покојниот Берлускони.


Италијанскиот закон налага дека кога починатиот има повеќе деца, но нема преживеан сопружник, две третини од наследството мора да се подели подеднакво меѓу наследниците, што во случајот на Берлускони се однесува на неговите пет деца. Но, преостанатата една третина може слободно да се распредели, а Берлускони одлучил преостанатиот дел да го подели подеднакво меѓу Марина и Пјер Силвио. Врз основа на содржината на тестаментот, Марина и Пјер Силвио сега ќе контролираат околу 26,5 отсто од уделот во „Fininvest“, додека Барбара, Елеонора и Луиџи ќе имаат по 15,6 отсто. Тие, исто така, ќе го делат имотот на Берлускони надвор од „Fininvest“, со инвестиции кои вклучуваат неколку вили и куќи низ Италија, Франција и Антигва.

Неговата најстара ќерка Марина, која има 57 години, е на чело на неговата компанија од 2005 година.

Таа првпат се вклучи во семејниот бизнис на 29-годишна возраст, кога стана потпретседател на „Fininvest“, а моментално претседава со „Mondadori“и е член на одборот на „MediaForEurope“. Прогласена од Форбс како една од најмоќните жени во светот во 2010 година, Марина е мажена за поранешен танчар.

Пјер Силвио (55) е извршен директор на „MediaForEurope“, позиција што ја доби во 2015 година по години работа во медиумскиот бизнис на неговиот татко. Тој започна во маркетинг агенцијата на Берлускони „Publitalia“ во 1992 година на 23-годишна возраст, пред да премине на ТВ мрежите. Тој е и член на управниот одбор на „Fininvest“ и „Mondadori“.


Трите најмали деца на Берлускони, Барбара, Елеонора и Луиџи се од бракот на Берлускони со актерката Вероника Ларио, со која се ожени во 1990 година, а се разведе во 2015 година.

Барбара (39), е член на управниот одбор на „Fininvest“, а претходно работеше во италијанскиот фудбалски тим Милан кој нејзиниот татко го продаде на кинески инвеститори за 630 милиони долари во 2017 година. Луиџи (35) беше член на управниот одбор на „Mediolanum“ од 2007 и 2015 година, а исто така е член на управниот одбор на „Fininvest“, на кој првпат му се придружи во 2012 година на 24-годишна возраст. Малку се знае за 38-годишната Елеонора, која се чини дека нема официјална улога во ниту една компанија на нејзиниот татко.

Во својот тестамент, напишан во јануари 2022 година додека бил хоспитализиран поради инфекција на уринарниот тракт, Берлускони им оставил на своите деца проштална порака: „Ве сакам сите многу“. Повеќе од една година подоцна, тој им го даде последниот подарок: неговите милијарди.


Каде е денес неговата девојка Марта Фашина?

Изгледа дека Берлускони не мислел на неговата девојка Марта кога го делел богатството. Можеби мислел дека таа самата добро ќе се снајде. Една година по неговата смрт, Марта продолжува да споделува нивни заеднички фотографии на Инстаграм, тврдејќи дека нивната „љубов нема да згасне“.


На прашањето како се чувствува една година по заминувањето на Берлускони, Марта вели: „Среќата ми е одземена. Срцето ми е откорнато. Тоа беше година која се преживуваше, оваа страшна тага не може да се надмине, со неа се живее“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг