Се трага по маж од Ниш, последен пат бил виден како паркира автомобил во близина на планинарски дом

Макфакс

11/06/2024

14:47

2.074

Големина на фонт

а а а

Се трага по Милан Ѓорѓевиќ (41) од Ниш.

Според сведочењето на семејството, Милан во моментот на исчезнувањето носел темни панталони, бела кошула и кафеави чевли. Тој е висок 185 сантиметри.

Последен пат е виден синоќа кај Бојанини Води во 18.30 часот во близина на планинарскиот дом, каде што го паркирал автомобилот.

Семејството апелира за помош и ги замолува сите луѓе што може да се приклучат во потрагата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг