Куман жестоко ја нападна Барселона за „случајот Де Јонг“: Ја плаќаме цената поради нив

Дерби

11/06/2024

12:19

677

Големина на фонт

а а а

Френки Де Јонг вложи максимален напор да му стави на располагање на националниот тим, од една страна да им помогне на своите соиграчи, но секако и да си го исполни сонот со играње на Европско првенство.

Планот на Холаѓаните беше да го оспособат Френки за последното коло во групата фаза и потоа да биде големо засилување за нокаут фазата, нешто до што сепак нема да дојде, откако самата Федерација соопшти дека рехабилитацијата бара доста повеќе време.

Де Јонг имаше две потешки повреди на зглобот оваа сезона и вториот пат беше присилен да се врати порано од предвиденото, а според селекторот Роналд Куман, тоа е главна причина за проблемот кој сега му задава голем удар.

– Френки Де Јонг има историја со оваа повреда на скочниот зглоб и мора да размислуваме за здравјето на фудбалерот. Неговиот клуб реши да ризикува во текот на сезоната и ова е цената што сега ја плаќаме.

– Направивме се што можеме за да го оспособиме, но сепак дознавме дека е невозможно да стигне навреме. Бевме оптимисти, се надевавме дека ќе го имаме за третиот меч во групата, но најдобро за него е да остане без Европско првенство, – изјави Куман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг