Исчезнатата Василики Никилопулу (11), која исчезнала во недела вечерта во 21 часот и 10 минути, прободена со нож во вратот, а роднината на девојчето наводно го признал делото.
Девојчето исчезнало вчера од областа Миртија во Пиргос, а денес е пронајдено во областа Катарчи со убодни рани на вратот, пренесува „Екатимерини“.
11-годишното девојче било пријавено за исчезнато од нејзината мајка и издадено е „Амбер алерт“ под предупредување дека девојчето е во животна опасност.
За жал, безживотното тело на девојчето е пронајдено денес, а набрзо во полициската станица бил приведен и вујкото на девојчето, кој на сослушувањето признал дека го убил детето кое ден претходно од го зел со својот автомобил.
Инаку, вујкото и претходно бил обвинет за силување на малолетнички, но грчките медиуми не знаат дали бил осуден.
„Ми рекоа дека нашле мало девојче, одам да видам дали е тоа мојата ќерка“, изјавила мајката во разговор со медиумите.