Новата генерација напредува: Ѓоковиќ тргнат од врвот на АТП листата

Дерби

10/06/2024

13:00

761

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ не е повеќе на врвот на АТП листата, односно од денеска тој е резервиран за нована генерација на тенисери.

По последните случувања на Ролан Гарос каде на крајот триумфираше Карлос Алкарас, Ѓоковиќ загуби доста поени и токму поради тоа на денешниот ранкинг е дури на третата позиција, поточно има пад од две места.

Тој 39 седмици во низа беше број еден или вкупно досега 428 недели има поминато на АТП врвот кој од денеска го има Јаник Синер со вкупно 9,525 поени. Втората позиција е наменета за Алкарас со 8580 по што следуваат Новак, Зверев и Медведев кој ја затварата најдобрата петка на „табелата“.

Кога се во прашање Македонците, Калин Ивановски е прв наш рекет на 414 место, додека Горазд Србљак со напредокот од 23 места сега е 1068 на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг