Макс Ферстапен излезе како победник на трката за Големата награда на Канада, трка која се возеше во хаотично услови и која донесе многу случувања, но ова не беше проблем за Холанѓанецот најдобро да се снајде и уште еднаш потврди зошто е актуелен лидер и актуелен шампион во Формула 1.
Ова за возачот на Ред Бул беше шеста сезонска победа со која го зголеми водството на врвот со оглед на тоа што Шарл Леклер остана со празни раце во Монтреал.
- Тоа беше прилично луда трка, се случија многу работи, моравме да бидеме на висината на задачата. Како тим бевме добри. Останавме мирни, отидовме во бокс во вистинско време. Безбедносното возило беше во наша полза, но и потоа успеавме прилично добро да го одржиме водството, - рече Макс и додаде:
- Ми се допадна, беше забавно. Повремено ви требаат вакви трки, - заклучи Холанѓанецот.