[ФОТО] Кејт Мидлтон го прекинала повеќемесечниот молк: „Се надевам...“

Точка

09/06/2024

16:22

8.339

Големина на фонт

а а а

Иако британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон (42) ја пропушти пробата за настанот „Поздрав на боите“ („Trooping the Colour“), таа напиша писмо до ирската гарда, која оваа година, според долгогодишна традиција, ќе му ги презентира своите бои на кралот Чарлс Трети, пишува „Дејли мејл“.

Ова е првпат таа да проговори откако во март годинава откри дека има рак.

„Сакав да ви пишам затоа што сакам да знаете колку сум горда на целиот полк пред ‘Поздрав на боите’. Го ценам сето она што го извежбаа годинава за настанот и тоа што поминаа часови и часови да ги направат нивните вежби беспрекорни. Сè уште ми е чест што сум ваша полковничка и многу ми е жал што не можам да го поздравам годинашниот полковник.

Ве молам, пренесете го моето извинување до целиот полк, се надевам дека наскоро ќе можам повторно да ве претставувам. Испратете ги моите најдобри желби и среќа на сите вклучени“, рече принцезата во писмото што го напиша таа, а го прочита еден од полковниците на ирската гарда.

Да потсетиме, здравствената битка на принцезата Кетрин не само што може да ја држи подалеку од очите на јавноста подолго време, туку потенцијално може да ја разниша и нејзината улога во кралското семејство.


„Принцезата можеби никогаш нема да се врати на активностите во кои луѓето ја виделе порано“, изјави извор за „Ју-ес викли“.

Претходно, извори блиски до Кензингтонска палата открија за британскиот „Дејли бист“ дека принцезата од Велс нема да се појавува во јавноста до крајот на 2024 година, што ги загрижува кралските фанови ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг