[ВИДЕО] Рој пчели ги „зароби“ патниците во авионот: Никој не смеел да излезе цел час, а потоа пристигнале пожарникарите

Макфакс

09/06/2024

10:49

1.371

Големина на фонт

а а а

Патниците кои во понеделникот слетаа на меѓународниот аеродром во градот Сао Гонкало до Амаранте останаа „заробени“ во авионот од необична причина.

Бразилските медиуми јавуваат дека авионот Voepass бил задржан на пистата затоа што рој пчели решиле да се „залепат“ за крилото.

Авионот слетал околу 12:30 часот по локално време, а патниците биле подготвени да заминат. Сепак, имаше известување да се вратат на своите места.

„Пчелите зуеа околу авионот. Бевме изненадени“, изјави подоцна еден од патниците Евертон Сезар.

Кога опасно се доближиле до прозорците, била донесена одлука патниците да не се пуштаат надвор, пишува New York Post.

Упорните инсекти не планирале да се движат, па на помош била повикана противпожарната служба.

„Им требаше малку време да пристигнат, да ја проценат ситуацијата и да одлучат што да прават. Патниците станаа нервозни“, додаде Сезар.

На снимките објавени од локалните медиуми се гледа како пожарникарите ги прскаат пчелите со „неидентификувана материја“ за да ги избркаат.

Патниците можеа да заминат еден час по слетувањето на аеродромот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг