Вештачката интелигенција ќе прави хаос со парите! Користењето на "AI" во финансиите е голем ризик, а еве и зошто

Макфакс

06/06/2024

22:12

8.373

Големина на фонт

а а а

Американската министерка за финансии Џенет Јален ги предупредува банкарите и технолошките директори дека употребата на вештачката интелигенција (AI) во областа на финансиите, покрај неспорните придобивки, носи и значителни ризици, се вели во подготвените коментари.

Според CNN, кој имал пристап до овие белешки, Јaлен истакнува дека инвеститорите веќе користат вештачка интелигенција за управување со портфолиото и како алатка за да помогнат во предвидувањето на идните движења на пазарот.

Покрај тоа, вештачката интелигенција е корисна и за банките кои ја користат за борба против измами и за поддршка на клиентите.


Американската министерка за финансии, сепак, укажува на опасноста од ситуација во која многу учесници на пазарот се потпираат на истите податоци и модели.

Со други зборови, ако многу инвеститори се потпираат на алатки кои го даваат истиот резултат, тоа може да предизвика метеж и стагнација на пазарот.


Јален го нагласи и „ризикот од концентрација“ што произлегува од фактот што само неколку компании во светот произведуваат модели со вештачка интелигенција. Ако некоја од нив падне, ќе погоди многу компании од Волстрит.

– Моделите со вештачка интелигенција понекогаш можат да донесат пристрасни одлуки, што би можело да биде голем проблем во реалниот свет, особено кога станува збор, на пример, за носење финансиски одлуки за заем – заклучува Јален.



Спонзорирани линкови

Маркетинг