Дојдете на целодневна забава со DJ Rondevu кој директно од Бруклин слетува во Zion!

Точка

31/05/2024

10:44

6.109

Големина на фонт

а а а

Повеќето луѓе одат на нови места за да најдат авантури, а токму во Аеродром работи кафуле кое ќе ви ги стопи сите сетила. Кафе-бар Zion – нуди незаборавно кафе и пијалоци, а атмосферата е луда! Овде ќе уживате во свет на вкусови и звуци, и максимално ќе уживате.

А, зборувајќи за музиката токму оваа недела, 2 јуни ќе има целодневно грување со бруклинските битови на DJ Rondevu, кој зема директен лет Њујорк – Zion. Журка на која ќе има многу играње, забава, убави луѓе, денсање кое не смее да се пропушти.


Бруклинскиот DJ ќе биде придружуван од веќе домашниот Пиксисипи САФ, кои заедно ќе не размрдаат со ритми од целиот свет!


Во Zion се журка и дење и ноќе и е дом на сите љубопитни, хедонисти, сладокусци, денсери, млади и возрасни. Омилено катче за маалски друштва од населба Аеродром, но и за многу други кои го прифатија како свое. Овде се ужива во незаборавни настани во сончевата градина под шарени сенки и ноќната оаза на грувот и заедничките вибрации! За храната и сетилото на вкус оваа недела ќе бидат одговорни дечките од Fat kitchen.


Ве чекаме во Zion, каде секоја голтка е патување а секој момент е прослава!

Комерцијален текст