Австралија Експо ќе се одржи овој петок во Скопје – Побрзајте, резервирајте го вашето место и обезбедете квалитетно универзитетско образование во Австралија

Точка

29/05/2024

15:01

747

Големина на фонт

а а а

Изборот на квалитетно универзитетско образование, често знае да биде тежок и збунувачки, особено за помладите генерации, чија кариерна иднина зависи токму од нивниот избор на факултетско образование.

Секој кој посакува квалитетно универзитетско образование и одлична подготвка за својата професионална кариера, за да ја донесе вистинската одлука, потребно е претходно добро да ги истражи сите можности на домашниот и интернационалниот пазар, па според личните афинитети и дадените понуди, да го направи конечниот избор.

Сите заинтерсирани за студирање во една од далечните и егзотични дестинации, овој петок ќе имаат ексклузивна прилика да присуствуваат на Австралија Експо (Australia Expo) и да ја откријат можноста за квалитетно универзитетско образование во Австралија. Присутните на овој настан, ќе дознаат за бројни опции и можности, а ќе добијат и корисни информации, како и совети, благодарение на кои ќе бидат чекор поблиску до реализирање на сонот за врвно образование.

Австралија Експо (Australia Expo) на 31.05.2024 (петок), со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи во Скопје, во Скопје Мериот Хотел (2 кат). Влезот на настанот е бесплатен, интересот за присуство расте, а бројот на слободни места се намалува, па доколку сте во потрага по идеалното решение за несекојдневно, квалитетно образование, навреме резервирајте го вашето место на следниот линк: https://forms.gle/ERERVW56CD6NpedA8.

Настанот е во организација на Australian Migration Office и со поддршка од Универзитетот Торенс, којшто брои дури десетина различни кампуси низ Австралија, како во Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн, Аделаида, Леура (Сините Планини).


Во текот на настанот, односно од 18:00 часот започнуваат презентациите со корисни совети и важни информации за студирањето на овој универзитет од страна на Игор Велики (Igor Velicky), Area Manager - Europe & CIS при Универзитетот Торенс, а воедно и за процесот на добивање на австралиска виза, од страна на Дејан Трајковски, претставник на Australian Migration Office од Скопје.

Важно е да се знае, дека универзитетот е дури на 2то место во Австралија за вработување на своите интернационални додипломци во Австралија и низ светот, кој исто така, нуди широк распон на студии и факултети за дизајн, здравство, бизнис, угостителство, технологија, образование, англиски јазик, како и повисоки дипломи преку истражувачки проекти. Торенс Универзитетот за сите интернационални студенти, нуди и стипендии, кои покриваат огромен дел од трошоците за студирање на било од кампусите во Австралија.

Australian Migration Office со седиште во Скопје, е основана во 2005 година и успешно го гради своето долгогодишно искуство во професионална помош при аплицирање за визи за Австралија, вклучувајќи иселенички, студентски, туристички и други визи.

Дејан Трајковски е официјален регистриран австралиски агент за имиграција при канцеларијата за агенти за имиграција во склоп на владата на Австралија (https://www.mara.gov.au/) и е официјален регистриран австралиски агент за образование при QEAC Australia.

Агенцијата Australian Migration Office членува во бројни реномирани институции и организации во Австралија. Членува во Australia Tourism и ја поседува титулата „Aussie Specialist“, а воедно и членува во професионалните асоцијации Алијансата за Миграција (Migration Alliance) и Институтот за Миграција во Австралија (Migration Institute of Australia).

Обезбедете го вашето присуство на Австралија Експо навреме, за да ја искористите оваа ретка можност и ќе бидете чекор поблиску до квалитетно универзитетско образование во Австралија.

За да ја искористите оваа ретка можност, која ве носи чекор поблиску до идеалниот избор за квалитетно универзитетско образование, обезбедете го вашето присуство на Австралија Експо навреме и регистрирајте се ТУКА - https://forms.gle/ERERVW56CD6NpedA8.



Спонзорирани линкови

Маркетинг