[ВИДЕО/ФОТО] Ова е најновото оружје на кинеската армија: Кучиња роботи со вградени автоматски пушки учествувале на оваа вежба

Точка

28/05/2024

16:26

1.974

Големина на фонт

а а а

Во текот на неодамнешните воени вежби со војската на Камбоџа, кинеската Народноослободителна армија покажала куче робот со автоматска пушка на грбот, пишува „CNN“.

„Може да послужи како нов член во нашите урбани борбени операции, менувајќи ги нашите човечки членови да спроведат извидништво и идентификација на непријатели и да гаѓаат мети“, вели војникот претставен како Чен Веј во видеоприлог на кинеската државна телевизија „CCTV“.

Се наведува дека двеминутното видео е снимено во текот на кинеско-камбоџанските вежби „Златен змеј 2024“.

Во една вежба, робот кој пука од пушка води пешадиска единица во зграда.

Воената употреба на кучиња роботи не е ништо ново.

Снимката на „CCTV“ од минатата година исто така прикажа роботски кучиња вооружени со пушки во заедничка вежба во која учествувале кинески, камбоџански, лаошки, малезиски, тајландски и виетнамски трупи, а која била одржана во Кина во ноември минатата година.

Во текот на 2020-та година и воздухопловните сили на САД покажале како користат роботски кучиња.