Кохот од гриз е старинско јадење, а многу луѓе знаат и една понова верзија позната како трилече. Овој старински десерт е едноставен за подготовка бидејќи не бара скапи состојки или многу труд за да се подготви.
Овој десерт кој ќе ве врати во детството се подготвува по следниот рецепт.
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 8 лажици гриз
За прелив:
- 1 литар млеко
- 3 лажици шеќер
- 2 ќесички ванилин шеќер
Подготовка:
Со миксер изматете 4 белки со 4 лажици шеќер додека не станат пенести. Изматете во цврст шлаг, а потоа постепено додавајте ги 4-те жолчки. Продолжете да матите со миксер. Во таа смеса додадете 4 рамни лажици брашно. Нежно мешајте со маталка, а потоа во смесата додајте и 8 лажици гриз. Повторно нежно измешајте со рачно матење.
Со масло премачкајте плех од 20х32 см., посипете со брашно и отстранете го вишокот. Ставете ја смесата во плехот и печете на загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.
Во тенџере ставете 1 литар млеко и ставете го на оган. Кога ќе се загрее додајте 3 лажици шеќер и 2 ванилин шеќер. Кога ќе се растопи шеќерот, прелијте го пандишпанот додека е врел. Оставете да се излади на собна температура, а потоа ставете го кохот во фрижидер пред да го послужите.