[ВИДЕО] Сладолед торта од пишкоти готова за 15 минути: Рецепт за кремаст и освежителен десерт којшто не може да не ви успее

Точка

27/05/2024

21:00

21.340

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да се засладите со торта за која не ви е потребна рерна, овој рецепт треба да го запишете.

Сладолед тортите се десерт без којшто нема слатко лето, а ова е еден од најслатките, а воедно најлесните за подготовка.

Доколку сте љубители на домашните слатки од пишкоти, овој практичен десерт сигурно ќе ви се допадне затоа што е мек и кремаст.

Состојки:

- 10 грама инстант кафе;
- 400 грама пишкоти;
- 200 милилитри топла вода;
- 300 милилитри слатка павлака;
- 100 грама шеќер во прав;
- 80 грама прав за шлаг со вкус на ванила;
- 10 грама ванилин шеќер;
- 300 милилитри млеко;
- 50 грама какао.

Подготовка:

1. Во чинија ставете го инстант кафето, па прелијте го со топла вода и разматете.

2. Исечкајте ги пишкотите на половина, па натопете ги во кафето една по една и распоредете ги на дното од калапот.

3. Во длабока чинија ставете ја слатката павлака, па додадете го шеќерот во прав, правот за шлаг со вкус на ванила, ванилиниот шеќер и млекото.

4. Матете со миксер додека не згусне, па поделете ја смесата на два дела и во еден додадете какао.

5. Чоколадниот фил во којшто сте го ставиле какаото, нанесете го над пишкотите подредени во калапот и израмнете со лажица.

6. Над тоа ставете ја жолтата половина од филот и израмнете.

7. Потоа распоредете го вториот слој од пишкотите.

8. Ставете ја тортата во фрижидер да отстои еден час, а по желба посипете со какао во прав, рендано чоколадо, чоколадни трошки.


На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг