[ВИДЕО] Од Загреб денес тргнува празничниот воз „Тин експрес“: Термини и цени

Точка

28/11/2026

06:11

753

Големина на фонт

а а а

Детскиот божиќен воз од главната станица во Загреб поаѓа во 09:30 и во 11:05 часот. Кружното патување преку Савски Мароф трае околу еден час.

„Тин експрес“ денес, 28 ноември, ја почнува празничната сезона во Загреб. Возот тргнува од главната железничка станица, оди до Савски Мароф и се враќа. Според официјалната најава на хрватскиот железнички превозник ХЖ Патнички превоз, возењата во загрепското подрачје се предвидени до 6 јануари 2027 година.

Поаѓањата се во 09:30 и 11:05 часот, а патувањето трае околу еден час. Во украсените вагони програмата вклучува празнични песни, средба со Дедо Мраз и подарок за децата.

Перон на главната железничка станица во Загреб
Главната железничка станица во Загреб, архивска фотографија. Фото: Nils Öberg / Wikimedia Commons (CC BY-SA 3.0, намалена резолуција).

Билетот во Загреб чини 8 евра за дете, со подарок, и 7 евра за возрасен. Поединечни билети за викенд-возењата се продаваат на билетарниците на главната станица. Посебните термини во работни денови се наменети за градинки и училишта.

На 12 декември е најавено и посебно патување од Загреб до Делнице. Возот поаѓа во 12:10 и се враќа во Загреб во 20:48 часот, а билетите за таа релација чинат 20 евра за деца и 17 евра за возрасни. Превозникот најавува празнични возења и во Риека, Сплит, Осиек и други хрватски градови.

Архивско видео од „Тин експрес“, 2016 година. Видео: ХЖ Патнички превоз

Насловна фотографија: Skelanard / Aleksandr Petukhov / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0, намалена резолуција) (архива).