Дончиќ внимателен: Ништо не е готово, нема да се предадат!

Дерби

27/05/2024

17:56

6.305

Големина на фонт

а а а

Далас Маверикс славеше над Минесота Тимбервулвс со 116:107 и поведе со 3-0 во финалето на Западот во НБА лигата.

Домаќините сега се на само еден чекор од следната фаза, битката за трофејот кој сите го познаваат, но работата мора да се заврши и тоа добро го знае Лука Дончиќ кој е максимално фокусиран, внимателен и испрати јасна порака до соиграчите да не се опуштаат.

- Велиме, само уште една, потребна ни е уште една победа. Ништо не е готово. Тие имаат одличен тим, така што ништо не е готово. Ни треба уште една победа, а ако успееме во тоа, тогаш имаме пауза.

- Не знам што да кажам, чувството е фантастично. Мора да размислуваме за следниот натпревар. Мора да играме со истиот менталитет. Нема да се предадат. Нема шанси! Мора да се подготвиме за следниот меч, - порача Дончиќ кој говореше за Кајри Ирвинг кој имаше блескава четврта четвртина.

- Затоа некои го викаат „господин четврта четвртина, нели? Тој е роден за таа ситуација. За „клач“ ситуација. Значи, наше е само да му ја додадеме топката. Неверојатно е да го имаш во тимот. Учењето од него секој ден секогаш носи позитивна енергија.

- Се обидуваат да ме удвојат во текот на целиот натпревар. Истото со Ирвинг, но тоа не прави подобри. Секој има топка, секој игра. Ова е неверојатна победа. Дојдовме до работ и постигнувавме кошеви, - подвлече Словенецот.

И четвртиот меч се игра во Тексас што значи дека Маверикс има можност пред своите гледачи да ја затвори серијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг