[ВИДЕО] Кучиња-роботи патролираат во фабриката на BMW, еве и зошто

Точка

27/05/2024

20:08

8.304

Големина на фонт

а а а

Во производствените капацитети на "BMW" патролираат роботски кучиња кои ја се грижат за безбедноста на работниците и машините.

Четири роботски кучиња се воведени во производниот процес на фабриката Хамс Хол во Велика Британија. Тие се направени од "Boston Dynamics", истата компанија која произведува хуманоидни роботи за американската војска. Компанијата сега е во сопственост на "Hyundai", а оваа соработка дојде на иницијатива на "BMW".

Кучињата роботи се користат за следење на областа на фабриката. Тие се опремени со сензори и камери преку кои можат да детектираат прегревање на машините и истекување на индустриски гасови, вклучително и компримиран воздух. Од "BMW" не го спомнуваат следењето на работната атмосфера и самиот ефект, па ќе веруваме дека овие роботи се таму само за безбедноста на работниците.


Иако се малку морничави, овие роботи се симпатично наречени "SpOTTO", како алузија на две лица. Првиот е Густав Ото, еден од основачите на "BMW", а вториот е Николаус, неговиот син и изумител на четиритактниот мотор со внатрешно согорување.


"SpOTTO" открива опасни ситуации и може да се качува по скали. Може да има повеќе работни места за него во иднина, вклучувајќи читање аналогни контроли, но се надеваме дека нема да ги "кодоши" работниците или да собира лични и биометриски податоци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг