„НАТО не може да не натера да убиваме во Русија“: Пристигна жесток одговор до првиот човек на Алијансата – Не знам зошто кажа такво нешто …

Точка

27/05/2024

21:19

9.785

Големина на фонт

а а а

Премиерката на Италија Џорџа Мелони и други високи службеници од таа земја ги критикувале зборовите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за тоа дека е дојдено време членовите на воениот блок, предводен од САД, да ја преиспитаат својата одлука и да дозволат на Украина да го дозволи западното оружје за изведување на удари на руска територија, обвинувајќи го за кревање на тензии со Москва.

„Не знам зошто Столтенберг кажа такво нешто, мислам дека мора да бидеме многу внимателни“, изјавила Мелони за италијанскиот ТВ канал „Rai 3“, и сепак истакнала дека НАТО мора да остане цврст, да не дава сигнал дека попушта, но дека во врска со тоа мора да биде внимателен.

Премиерката додала дека има многу контроверзни изјави, потсетувајќи дека му забележала на францускиот претседател Емануел Макрон поради неговите изјави за потенцијално праќање на трупи во Украина.


Нејзиниот заменик и лидер на десничарската партија „Лига Матео Салвини бил поостар во оцената на зборовите на Столтенберг, велејќи дека лидерот на Алијансата не може да зборува во името на италијанскиот народ.

„НАТО не може да не натера да убиваме во Русија, ниту било кој може да не натера да праќаме италијански војници да се борат или да гинат во Украина“, рекол Салвини, тврдејќи дека Рим на Киев му праќа оружје само за да се одбрани, а не да се бори, напаѓа или да убива надвор од својата територија.


„Овој господин треба да или да побара прочка, да ја поправи својата изјава или да поднесе оставка“, додал Салвини.

Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани исто така инсистирал на тоа дека оружјето кое Италија му го праќа на Киев мора д се користи само во Украина.


Коментарите на шефот на НАТО доаѓаат во време кога западните лидери даваат се похрабри изјави за напади на руска територија. Меѓутоа, според зборовите од Москва, тврдењето за постоечки ограничувања за употреба на американската муниција се лажни и осмислени да ја одржат илузијата дека Западот не е дел од војната.

„Тргнуваме од фактот дека американското и другото западно оружје гаѓа цели на територија на Русија, пред сè цивилна инфраструктура и станбени населби“, рекол министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, нагласувајќи дека американското оружје веќе било користено за напади внатре во Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг